Георгиевски: Да не испадне дека во големата битка за македонскиот идентитет сме се „самоотепале“

Некогашниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-Народна партија, Љупчо Георгиевски, во „Топ тема“ на ТВ Телма се осврна на најновото разочарување за Македонија од последниот Самит на Европската унија, од кој земјата повторно остана со празни раце, овојпат поради непромената на Уставот заради вклучување и на Бугарите во него.

„Во Македонија ние цело време се бориме за македонскиот идентитет. Ние колку повеќе се бориме се повеќе го губиме, од демографски, економски, па до културно-забавен, спортски живот, се воодушевуваме на други музики. Да не испадне во големата битка за одбрана на македонскиот идентитет сме се ‘самоотепале’. Македонија не 50 милијарди евра, како на Украина што треба да ѝ бидат доделени, туку пет да добие ние ќе направиме космички промени“, изјави првиот човек на партијата што учествува со еден пратеник во парламентарното мнозинство предводено од СДСМ.