Меѓународниот монетарен фонд уште еднаш ги намали проекциите за глобалниот економски раст во 2023 годинa.
Очекувањата се дека тој ќе биде помал за 4 трилиони долари до 2026 година.
Според ММФ поверојатно е во идниот период работите да се влошат пред да се подобрат, а за драматилната промена на проценките на фондот покрај пандемијата од Ковид 19, зголемената инфлација и климатските промени најголемо влијание има руската инвазија врз Украина.
Мрачните проекции на ММФ доаѓаат веднаш по одлуката на ОПЕК + нагло да го намали производството на нафта во намера цените на црното злато да пораснат, потег што може да и нанесе нов удар на глобалната економија.