Генералот што не користи “Северна” замина од Командата за операции на АРМ

Генералот мајор Павле Арсовски кој за пошироката јавност е познат како високиот офицер на АРМ кој никогаш не го користи зборот Северна во редовна промена замина од својата позиција шеф на Командата за операција на АРМ.

“По три динамични години исполнети со успеси на чело на Командата за операции, денес, командната палка над овој извонредно ефикасен воен колектив, му ја предадов на мојот помлад колега, бригаден генерал Бесник Емини.
И нему и на сите припадници на Командата за операции и потчинети команди и единици им посакувам успеси!
#strongertogether #WeAreNATO
#armystrong

Бригадниот генерал Емини досега ја извршуваше должноста командант на 1 пешадиска бригада а отсега ќе раководи со најголемата оперативна команда во Армијата на Република Македонија.

Генерал-мајор Павле Арсоски беше на оваа должност од мај 2018 година, а во понатамошниот период ќе ја извршува должноста советник на началникот на Генералштабот на Армијата за борбена готовност и операции.

Генералот во јавната комуникација на социјалните мрежи никогаш не го користи името Северна.

Генерал на АРМ може да настрада поради лекции по достоинство за Пендаровски и Шеќеринска

https://www.facebook.com/2862781330612762/posts/3672088846348669/