Симулација за вакцинација против Ковид 19 во СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде изведена денеска во присуство министерот за здравство Венко Филипче пред масовната вакцинација која треба да стартува од понеделник.

Вакцинацијата со 20.000 руски вакцини „Спутник“ што ги донира Србија ќе се одвива на 48 пунктови во Спортскиот центар.

Се планира дневно да се вакцинираат по 5 илјади лица од МВР, АРМ, медиумски работници, судовите, возачите на автобуси, пожарникарите воспитувачки во градинките и вработените на патарините во периодот од 08 до 20 часот…