Позитивен пример од генерал потполковник Методија Величковски поранешен началник на генералштабот на АРМ.
Наместо да организира прослава за крајот на одличната војничка кариера генералот со хуман гест во корист на најранливи категории граѓани.
,,Со своето заминување во пензија, одлучи да направи хумано дело и наместо прослава за пензионирање, средствата да ги донирани во Црвен крст на град Скопје. Г. Методија средствата ги пренасочи за набавка на медицински материјали (ленти и ланцети за мерење на гликемија) потребни за корисниците на социјалниот сервис „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови” и набавка на лекови за бездомните лица кои го посетуваат Пунктот за бездомници на Црвен крст.
Од името на сите корисници голема благодарност за хуманиот гест, кој е вистински позитивен пример во нашето опкружување”, стои во изјавата на Црвен Крст на град Скопје во врска со хуманиот гест на генералот на АРМ.