Генерал на АРМ може да настрада поради лекции по достоинство за Пендаровски и Шеќеринска

Генерал-мајор Павле Арсоски кој е командант на Командата за операции во Армијата на Република Македонија е еден од блиските офицери на врховниот командант претседателот Стево Пендаровски и министерката за одбрана и Вице премиерка Радмила Шеќеринска кој секојдневно им држи лекции по чест и достоинство.

За разлика од Пендаровски и Шеќеринска Генералот Арсоски во своите коментари на социјалните мрежи никогаш не го користи зборот Северна.

Во сите свои постови на Твитер и Фејсбук генералот Арсоски користи само Македонија или македонски без воопшто да го спомене зборот на С.

Во текот на промената на името на државата и на Армијата генералот кој е главен кандидат за иден началник на генералштабот на Армијата на Република Македонија никогаш јавно не реагирал за промената на уставното име.

Сега откако негови колеги од врвот на Армијата и од военото разузнавање го пријавиле Арсоски дека не го користи зборот Северна генералот кој има одлична воена кариера се соочува со опасност да настрада поради зборот Северна и да не стане прв човек на Генералштабот на АРМ.