Последното интервју за 2023 година Работник го заокружи со Катерина Златановска – Попова, Советник за развој на кариера и тренер за меки вештини. Со неа разговараат на повеќе прашања од областа на кариерата. Давајќи го својот одговор на едно од нив, Златановска – Попова ќе рече:
Многу е важно да спомнам, затоа што ние повозрасните генерации тоа го забележуваме кај младите; често им префрламе дека се неодлучни, дека не знаат што сакаат, дека се нелојални… но напротив, низ нивната перспектива и низ нивните очи, тие тоа го гледаат како можност да ги извлечат сите нивни потенцијали и да ги дадат онаму каде што тоа вреди и заслужува,
истакна Златановска – Попова.
Во текот на интервјуто се зборуваше и за постарите лица, оние над 50 години, кои се невработени, а кои бараат вработување. Соговорничката даде повеќе размислувања околу тоа што треба да направат овие лица за да бидат вработливи.
