Генчовска на Вархеи ќе му каже кои се условите за тргање на бугарското вето

Министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска, е децидна дека вклучувањето на Бугарите во уставот на РСМ треба да се случи пред почетокот на преговорите за членство на нашиот западен сосед во ЕУ.

Повторно ќе го запознаам еврокомесарот Вархеи со нашиот став за Република С.Македонија“, изјави министерката за медиумите.

„Нашата земја инсистира Бугарите во РС Македонија да бидат признати како малцинство (Бугарите не се малцинство, туку државотворен народ потсетуваат софијски медиуми) во Уставот, пред почетокот на преговорите. За нас тоа е услов кој мора да се исполни“, децидна беше министерката.

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи денеска е во Софија и се очекува еврокомесарот да разговара со властите во Софија за европската перспектива на земјите од Западен Балкан. Предвидени се средби со премиерот и претседателот.

Генчовска најверојатно нема да биде дел од бугарската делегација која се очекува утре да го посети Киев.