Газдата на ТВ Нова и Трансмет осуден на 6 години затвор

Сопственикот на ТВ Нова и на фирмата Трансмет, Сеад Кочан за кривично дело „Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“, е осуден на казна затвор од шест години.

Заедно со него во предметот на СЈО „Труст“ на 3 години е осуден и Василије Авировиќ. Третообвинетиот Сафет Ватиќ се ослободува од обвинение.

Двајцата се осудени за добивање на незаконски тендер од 2011 година распишан од државната фирма „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) за ископување јаловина и јаглен од рудникот Суводол во Битола.

Според пресудата нивниот конзорциум, доставил фалсификувани документи за поседување механизација и за кадри и така го добил тендерот на ЕЛЕМ вреден над 17 милиони евра.

Во „Труст“ се казнети и три фирми „Трансмет“ од Скопје, „Силекс“ од Кратово и „Вато“ од Студеничани. „Трансмет“ и „Силекс неметали“ кои ќе платат по 2 милиони денари а добоја и забрана да учествуваат на тендери три години. Ним ќе им се конфискува имот во вредност на тендерот од 17 милиони евра.

Т