Сопственикот на најголемиот агрегатор на вести tim.mk со инцест ја споредува идејата на министерско место за локална самоуправа да дојде Ристо Пенов, кадар кој беше во врвот на ЛДП од пред повеќе од две децении а сега партијата го предлага за член на владата.

Игор Трајковски е против практиката наместо млади и образовани луѓе во работата, во овој случај политика, да се ставаат луѓе кои се дел од внатрешните кругови на политичките елити.

Тој во пораката го користи пресилниот збор ,,инцест” за оваа појава која сепак има сличности со грозната појава во семејствата односно затворени групи.

,,Исти па исти фаци 30 години. Како да нема нови едуцирани луѓе. Македонија е најзатворено општество во смисла на примање нови луѓе во работна група. Наместо луѓе со квалификации, кај нас само инцест работи. Тука од своите, проверени, ќе не слушаат”, анализира Трајковски.

Тој во својот твит се осврнува и на феноменкт на спепа послушност на именуваните кои во замена за добиената функција неретко не се бунат дури ниту кога се крши законот или се кршат етичките правила.