Сопственикот на time.mk најпосетуваниот македонски агрегатор на вести, Игор Трајковски, објави листа на таканаречени ,,интернет ботови” кои споделуваат вест објавена од екс премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев.
Најверојатно во координирана акција од партиски или политички центар на социјалните мрежи во исто време профили кои важат за пропагандни алатки на СДСМ промовираат информација објавена од Зоран Заев и неговата новоформирана фондација.
,,Фала на сите овие, што допринесовте да детектираме вакво ботовско однесување, никогаш повеќе да не се прикаже”, напиша Трајковски откако во рубриката на неговиот агрегатор на вести каде се објавуваат најчитаните постови на Твитер беа прикажани слични објави на ботовите на Заев и СДСМ.
Истите таканаречени ботови со години се активни при промоција на позитивни пораки од СДСМ и во времето на Заев но и сега со новиот лидер и премиер Димитар Ковачевски.
На објавената листа се дел од боговите на СДСМ кои на број ги има стотина.
Фала на сите овие, што допринесовте да детектираме вакво ботовско однесување, никогаш повеќе да не се прикаже. pic.twitter.com/xROWSSYIFV
— Igor Trajkovski (@mkrobot) September 10, 2022
Најчитано
Нови гафови во обновеното владиното сочувство за смртта на Елизабета Втора (ФОТО)