Лазим Дестани, чие семејство е сопственик на македонскиот шампион Шкендија, донирал околу 3 милиони евра за настраданите и погодените од земјотресот во Драч.

Како што известуваат албанските медиуми, Дестани лично заминал во Драч ден по земјотресот да се увери во штетата што ја направи оваа природна непогода која си зема и повеќе од 50 жртви, а нанесе голема материјална штета, пренесува Спорт.медиа.