Гаши: ДУИ преку инфилтрирани луѓе го дели опозицикиот фронт

Лидерот на Алтернатива вели дека ДУИ има луѓе кои се инфилтрирани во опозициските партии, а целта е да се внесат поделби во опозициските партии на Албанците во Македонија – Алтернатива, Беса и Демократското движење.

„Преку луѓе кои се инфилтрирани во партијата, преку луѓе кои имаат одредени интереси преку луѓе кои се уценувани“, вели Гаши за ТВ21.

Според него, „повеќето се луѓе кои се алчни, се продаваат, уценуваат, влегле во коруптивни процеси и ДУИ преку судските и обвинителските органи ги држи суспендирани, им се заканува и уценува, а повеќето од нив, не сакам да генерализирам, имаат должност да ја работат таа работа, тие имаат наредба и тој редослед го одредува ДУИ, кога правиме нешто велат сега треба ти да излезеш, сега ти, значи се е оркестрирано“.

Веднаш по формирањето на опозицискиот фронт Алтернатива-БЕСА-Демократско Движење, почнаа поделбите во опозицијата, кога Арјанит Хоџа се огради од Беса, а во Тетово се појави незадоволство во огранокот на Алтернатива, потсетува ТВ21.