Гарванлиев: Видеото е од лани!(ВИДЕО)

Македонскиот претставник на „Евровизија“ Васил Гарванлиев преку видео се обрати до македонската јавност за да објасни зошто поседува бугарски пасош, но и зошто го промени видео-спотот по многуте реакции.

„Ако некој е повреден од тоа што го направив ненамерно, јас се извинувам од сè срце“, вели Гарванлиев.


За интервјуто кое циркулира деновиве и предизвика лавина од реакции во јавноста, вели дека не датира од оваа година, туку од пред повеќе од една година, вели Васил Гарванлиев во видео објавено на неговиот Фејсбук профил.