Еден од надворешно политичките коментатори и помошник уредник на британскиот влијателен весник Гардијан вели дека се надѕира ужасната вистина во која рускиот претседател Путин може да победи во Украина.
Според Симон Тисдал, автор на анализата, тоа ќе биде катастрофално за светот.
Тисдал кој редовно анализира надворешно политички и глобални теми смета дека со победата на Путин ќе се случи нова ера на нестабилност, економска фрагментација, глад за милиони луѓе и социјални немири.
Ова е една од ретките анализи на влијателни западни медиуми во кои можноста за победа на Русија во Украина се анализира како реална можност.