Двете братчиња по потекло од селото Галичник кои на Петровден на Галичка свадба на претседателот Пендаровски и неговата сопруга им скандираа “Никогаш Северна само Македонија”, денеска го вееја знамето со сонцето од Кутлеш и на
Мечкин Камен.

Но како што предходно најави на историската локација го немаше претседателот Пендаровски кој рече дека не сака да се соочува со клетви и навреди и затоа нема да држи говор таму каде што секогаш лидерите на македонскиот народ се обраќале на Илинден.

Двете братчиња Галичанчиња денеска немаа можност да му го пренесат својот став на Пендаровски како што тоа го сторија на Петровден.

Видеото го снимил нивниот татко македонскиот активист Гоце Панговски.

https://www.facebook.com/goce.pangovski/videos/565253488189818/?sfnsn=mo

Поврзана вест

Пендаровски и првата дама вербално атакувани од “Галичанчиња” на “Галичка свадба” (ВИДЕО)