Новинарот Фуркан Салиу реагира на одлуката да се урива изградениот крст на Попова Шапка, оценувајќи дека тоа е веќе виден обид, етничкиот конфликт кој што постои од 90-тите па се до денес, да се надгради во религиозен.
„Крстот не треба да се руши кога веќе е изграден. Џамијата не треба да се руши кога веќе е изградена.
Нека биде тоа една убавата слика на оваа мултиетничка, мултирелигиозна држава. Тоа единственото убаво нешто што ни остана од оваа испокрадена држава“, вели Салиу во објава на Фејсбук.