Поголеми плати за администрацијата, но од 2025 . Моделот по кој веројатно ќе биде покачувањето во иднина ќе биде според просечната плата и инфлацијата во земјата , изјави министерот за финансии Фатмир Бесими за МИА.
Тоа што во оваа фаза беше комуницирано и од нивна страна, мислам дека е дефинирано е коефициентот да се воведе како нов модел и секако размислувањата за механизмот кој ќе ја дефинира динамиката на платите да биде поврзана со просечната бруто плата, вели Бесими во интервјуто
Тој објасни дека за различни јавни служби ќе се утврди различен коефициент на сложеност, а во формулата за пресметка ќе се зема во предвид просечната плата и/или инфлацијата. Така, платите континуирано ќе растат секоја година, во зависност со растот на платите и трошоците во целата економија.
Едно од барањата на синдикатите е платите на функционерите да се вратат како пред одлуката на Уставниот суд, за ова прашање Бесими одговори дека не се коментирале одлуки на Уставен суд.
– Нашиот став сме го кажале на седница на Влада, официјално. Како Влада се изразивме негативно и рековме дека не треба да се укине тој член што ги имаше замрзнато платите, но како што знаете одлука на Уставен суд не коментираме. Нашиот став е кажан официјално и како Влада и како Министерство, кажа Бесими во интервју за МИА.