Функционерот на СДСМ што се закануваше на избори си купил супер луксузен службен автомобил

Управата за финансиска полиција пред Нова Година купила автомобил од 38 илјади евра. Директорот Арафат Муареми договорот го потпишал со добавувачот на 21 декември, а до Бирото за јавни набавки е доставен на 4 јануари, објави сдк.мк.

Според објавениот договор што го објавува порталот, цената на возилото без пресметан ДДВ е 32 илјади евра, а со данокот, чини 38 илјади евра. На огласот за јавната набавка имало само една понуда.

,,Возилото што го купил директорот за институцијата е „Опел инсигнија гранд спорт бизнис елеганс“ 2.0 дизел. Според промотивните материјали на производителот, станува збор за „софистицирано ниво од бизнис класата“, а според спецификацијата со која победил добавувачот, лимузината е со автоматски менувач со 6 брзини”, објави сдк.

Повеќе детали на сдк.мк

Инаку Муареми кој има поднесено само 9 пријави за финансиски криминал од кои 4 се со промашена адреса стана познат во јавноста по видеото од ланските избори каде се заканува дека ќе прати инспектори на градоначалник на општина од ВМРО-ДПМНЕ.

Нечовечка закана за инспекции од функционерот на СДСМ Муареми (ВИДЕО)