На предновогодишна забава екс градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и претседателката на Советот на град Скопје Љубица Јанчева со свое друштво потрошиле околу 106 илјади денари или речиси 1800 евра.

Ова го покажуваат документите објавени на социјалните мрежи кои се однесуваат на 2019 година а кои досега не ги демантираше никој.


На менито платено од даночните обврзници имало виски Џони Вокер стар 12 години, виски Чивас Регал, бифтек со путер, скапи кашкавали и други видови храна и пијалок.

На документите што се потпишани од страна на функционерите не пишува колку луѓе биле дел од забавата.

Во средно квалитетни скопски ресторани за нова година со попуст за гол ми групи може да се најде мени меѓу 8 и 15 евра што значи дека со околу 1750 евра колку што било потрошено на оваа забава можеле да се гоштеваат и до 150 луѓе.

Според бројот на пијалоци што може да се види од сметката Шилегов и екипата, на забавата не биле повеќе од дваесетина луѓе кои испиле и изеле како за цела чета.

Јанчева која инаку е од Струмица претходно потпишала сметка и за друга забава за која е платена висока сума од градскиот буџет на Скопје.

Функционерка потрошила буџетски пари како да изела 200 порции ,,увијачи” (ФОТО)