Фудбалскиот гигант Реал Мадрид го бара Енис Барди

Раководството на „кралскиот клуб“ нуди 40 милиони евра за македонскиот репрезентативец и член на Леванте, Енис Барди, и сака да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“ во летниот преоден рок.

По големиот триумф на Македонија против Германија во Дуисбург и одличното издание на Енис Барди, кој беше асистент на првиот гол на Горан Пандев, раководството на Реал Мадрид донело дефинитивна одлука за купување на играчот од средниот ред.

Премиерлигашите Арсенал и Њукасл досега беа најзаинтересирани за ангажман на Барди, но и не испратија официјална понуда. Англиските медиуми потенцираа дека двата клуба се подготвени да платат 25 милиони евра за негов ангажман.

Сепак, Реал Мадрид е сега многу поконкретен и нуди одлични 40 милиони евра.