Сабит Билали од Шкендија на неславен начин го обележа натпреварот од 14. коло во Првата македонска фудбалска лига против Академија Пандев во Тетово, откако во стилот на ултимејтфајтер прво физички нападна гостински играч, а потоа „нокаутира“ негов соиграч, згора и го шутна со нога додека лежеше на тревата!

Директен црвен картон беше казната за Билали за „двојниот зафат“ во осмата минута од судиското продолжение од тензичниот меч на „Еколог арената“, кој заврши нерешено 1:1, а домашниот дефанзивен играч за врска влезе во игра во 56. минута.