Поранешната потпретседателка на СДСМ, Фросина Ременски поднесе кандидатура за претседател на партијата, дознава Телма од висок функционер на партијата.
Досега кандидатура за наследник на Заев на чело на партијата поднесе и заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски.
Партијата на 12-ти декември ќе го избира новиот претседател, откако лидерот Зоран Заев поднесе оставка од функцијата по поразот на локалните избори.
Рокот за поднесување кандидатури истекува во петок.
