„Правото на праведно судење останува компромитирано од корупцијата патронажата во судскиот систем, во кој јавноста има мала доверба. Политичкото мешање во работата на обвинителите останува проблем. Селективната примена на правдата исто така останува, иако владата спроведе некои реформи со цел да се подобри проблемот.

Апсењето на Специјалниот обвинител во 2019 година ја ослабна севкупната антикорупциска агенда на владата на СДСМ“ се вели во извештајот за Македонија на „Фридом хаус“.

Во извештајот се додава дека трговијата со луѓе останува проблем, како и дека  сивата економија е голема, оставајќи голем број работници ранливи на злоупотреба од страна на  работодавците.

Исто така „Фридом Хаус“ истакнува дека  и понатаму остануваат грижите околу ефикасноста и независноста на судството.

„Корупцијата останува сериозен проблем каде се зголеми неказнивоста на корумпираните владини функционери, вклучително и членови на парламентот и судството.“ се потенцира во извештајот на „Фридом хаус“.