Советот за општи работи (ГАК) на ЕУ ќе биде форумот каде за првпат ќе се отвори поширока дебата за францускиуот мон-пејпр со кој се предлага измена на начинот на кој новите членки во иднина ќе и пристапуваат на Унијата.
Не се очекуваат никакви конкретни заклучоци, туку само размена на мислења помеѓу земјите членки и обид да се излезе од ќор-сокакот откако Париз ги блокираше преговорите со Северна Македонија со изговор дека е претходно потребна реформа на преговарачкиот процес.
Од другите главни градови засега нема официјални коментари на францускиот предлог.
Уште две теми ќе се расправаат на денешниот ГАК: почитувањето на принципите на владеењето на правото во земјите-членки, како и буџетот на ЕУ за периодот 2021-2027 година. Иако обете теми не се директно поврзани со проширувањето, тие можат да имаат влијание и врз таа дебата во наредниот период.