Идеологот на македонската левица, ексмининистер во две влади на СДСМ и поразен кандидат за претседател во 2009 година е под стрес од неуспехот на референдумот.
Наспроти тврдењето на премиерот Заев и владата Љубомир Фрчкоски вели дека референдумот е неуспешен.
Иако го користи зборот процедурално тој не може да ја скрие разочараноста од дебаклот на власта и нејзините поддржувачи меѓу кои е и тој самиот.
Проф. Фрчкоски во емисијата ,,Отворено” на 24 Вести говореше за стресот од процедуралниот неуспешен референдум кој бил огромен за владеачката коалиција. Не успеавме да им објасниме на граѓаните за каков влог се работи, појаснуваше Фрчкоски
Тој не очекувал таков однос од граѓаните, кои според него би требало да знаат сами да проценат што се било ставено на масата.
“Независно од одзивот од 600.000 гласа сепак е стрес, не можете да го објасните кај своите, не можат да го видат кое прашање, која иднина е всушност на коцка”, вели Фрчкоски во видеото.