Фрчкоски вратен од амбасадорување во САД уште пред да замине

Шефот на собраниската комисија за надворешна политика каде се претставуваат тезите на идните амбасадори најавува дека пропаѓа владиниот предлог за нов македонски амбасадор во САД.

Екс шефот на дипломатијата и пратеник Антонио Милошоски објави дека професорот Фрчкоски не може да добие безбедносен сертификат поради што не може ни да замине за амбасадор во Вашингтон.

“Во следните денови се очекува владата да го повлече предлогот за номинација на Фрчкоски за македонски амбасадор во Вашингтон.
Ова ќе биде последица на реакциите од страна од стратешкиот партнер кои пред неколку дена по дипломатски пат стигнале директно и до Заев, со прашање дали е сигурен дека Фрчковски би можел да добие НАТО безбедносен сертификат, што е предуслов за размената на строго доверливи информации на највисоко државно ниво.
Заев се правдал дека нема детални информации на таа тема за предложениот амбасадор, но дека ќе разговара со Фрчкоски за да му понуди друга функционерска опција, надвор од дипломатијата”, објави Милошоски.

Вест на денот

(ДОКУМЕНТ) Коцарев и Котеска се во право, постои план за укинување на “македонските” катедри на Блаже Конески