Професорот Љубимир Фрчкоски смета дека не добил агреман за да замине како амбасадор на Македонија во САД поради суетата на американскиот помошник државен секретар на САД Филип Рикер.
Во емисијата Во Центар Фрчкоски претпоставува дека суетата на Рикер се должи на колумна во која професорот напишал дека американскиот дипломат бил почесто со Сашо Мијалков отколку со сопствената сопруга.
Практично Фрчкоски тврди дека Рикер му се одмаздува поради јавно искажан збор.
Филип Рикер е висок американски претставник кој во два наврати бил во мисија во Македонија од кои еднаш како амбасадор а подолг период како висок функционер на Стејт департментот бил одговорен и за состојбите во Македонија.
Делот за Рикер во продолжение
🤣🤣ЛЕЛЕ КАКОВ ПЛАЧКО БИЛ ФРЧКО🤣🤣
го слушам како плаче што не станал амбасадор во САД, ред солзи – ред мрсули 😭
Владава го праќала, ама Рикер му бил крив оти имал суета 😭😭😭
буахахаха 🤣🤣
… али за Обединети Нации уште сонува 🤣🤣 pic.twitter.com/jGiL52YTAM
— MITE NAJDOFF (@Kalabalak_) January 21, 2022
Целата емисија овде
Биографијата на Рикер според Википедија:
Филип Томас Рикер (на англиски: Philip Thomas Reeker; роден на 19 јануари 1965 г. во Пенсилванија, САД) — американски дипломат. Рикер бил амбасадор на САД во Република Македонија од 2008 до 2011 година. Од март 2019 година, тој е вршител на должноста помошник државен секретар во Бирото за европски и евроазиски прашања.
Во 1990-тите години, Рикер работел како помошник службеник за информации во Будимпешта, Унгарија (1993-1996) и службеник за јавни работи во Скопје, Македонија (1997-1999), и на кратко како директор за односи со печатот во Стејт департментот од 1999 до 2000 година. Рикер бил портпарол на Кристофер Хил, тогашен амбасадор на САД во Македонија, кој бил специјален пратеник за Косово во 1998 и 1999 година.[1] Од 2000 до 2003 година, Рикер работел во Бирото за јавни работи како заменик-портпарол и заменик помошник секретар. Тој ја добил наградата за извонредност во јавната дипломатија „Едвард Р. Мароу“ во 2003 година. Во 2003 и 2004 година, тој патувал во САД и во странство како портпарол на Стејт департментот, држејќи говори и давајќи интервјуа во врска со дипломатијата и надворешната политика на САД.[2] Од 2004 до 2007 година, тој бил заменик шеф на мисијата во Будимпешта, Унгарија. Во 2007 година, Рикер бил префрлен во амбасадата на САД во Ирак, каде што работел како советник на амбасадорот за јавни работи.
Филип Рикер бил номиниран за амбасадор на САД во Република Македонија од страна на претседателот на САД Џорџ В. Буш. Тој бил потврден од американскиот Сенат и станал петтиот амбасадор на САД во Македонија на 29 септември 2008 година, доаѓајќи на местото на Џилијан Миловановиќ. Рикер бил американски амбасадор во Македонија до 15 јули 2011 година. На неговото место дошол Пол Д. Волерс. Во август 2011 година, Рикер станал заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и бил одговорен за односите на САД со Албанија и поранешните југословенски републики, освен Словенија.
Во 2014 година, тој бил назначен за генерален конзул на САД во Милан, Италија. Од 2017 година, Рикер работел во Европската команда на САД, воено заповедништво на Одделот за одбрана на САД со седиште во Штутгарт, Германија, и учествувал во програмата POLAD (Foreign Policy Advisor Program).
Во отсуство на постојан функционер, Рикер е вршител на должноста помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања од март 2019 година, предводејќи го Бирото за европски и евроазиски прашања задолжено за спроведување на американската надворешна политика во Европа и Евроазија и за советување на заменик-секретарот за политички прашања за прашања поврзани со дипломатските мисии во тие региони.
Рикер дипломирал на Универзитетот Јејл во 1986 година и магистрирал на Школата за глобален менаџмент „Тандерберд“ во Аризона во 1991 година. Тој ги поминал средношколските години во Австралија. Покрај англискиот како мајчин јазик, Рикер го познава и македонскиот и други јазици.