Фрчкоски ги поврза Милчин и Героски со дефиницијата на фашизмот

Екс министерот за внатрешни и надворешни работи во влади на СДСМ Љубомир Фрчковски ги става во близок контекст дефиницијата на фашизам и Владимир Милчин и Бранко Героски кои беа дел од прогласот за обединување во спорот со Бугарија.

,,Држејќи го затворен Македонецот/ката, овој говор спаѓа во дефиницијата фашистички. Не е важно дали го промовираат групи и лица што себе се нарекувале левичари. Тој говор е опасно перформативен во масите создавајќи слика на жртвата лишена од одговорност кон себе, пред сѐ, барајќи постојано „жртвени јарци“ за сопствените порази. Исклучително емотивен, тој ја заробува стварноста во симулакрум. Наместо да ги „музеизира“ комитите и борбата, тој ја музеизира стварноста и историјата ја претвора во вечна сегашност. За овој говор времето стои и на нацијата жртва (македонската) сѐ ѝ е дозволено. Нејзиниот говор и крик не може да станат поробувачки, фашистички, но парадоксално тој токму тоа станува кон самите Македонци/ки под нивните забревтани пера”, пишува Фрчкоски кој овој говор не најдиректно но јасно го поврзува со Милчин и Героски.

“Зошто, сепак, не е сериозна ситуацијата? Проминентите на таа опција се со ниско туражно ниво и независно од забревтаноста, не знаат што прават. Треба да им се спротивстави сартровски скандал и идеолошка борба! Треба да се повлечат во провалијата на слободата и самодефинирањето, во светот без фундаменти, како оној на ризомите кај Делез и Реалното на Лакан (ова посебно ме развесели). Геро и Милчин, соочени со Реалното на Лакан, нивните тела и чела осветлени со chiaroscuro (игри на светлината) на Караваџо во хаосот пред да настане космосот на Емпедокле и парчињата тела што скитаат. Во перспективата на Македонците, Бугарите, Грците и на сите други – без фундирачки, есенцијалистички гачки.

На фашистичкиот говор може да се спротивставaт, да се конструираат, точки на отпор од различни позиции. Една е онаа на Лорен Берлан (Lauren Berlant ) со т.н. перформативна тишина. Тој гест, говор, е организиран како тишина што избира да нема политички пораки и која произлегува од падот, неуспехот на досегашниот предоминантен политички говор што се открива како „суров оптимизам“. Но таа тишина го потврдува капиталот – емотивен и културен на публиката престорена во амбиентално граѓанство и создава сензуален простор на заедништвото”, пишува професорот и екс функционер на СДСМ.

Целата колумна на Фрчкоски на овој линк