Фрчкоски ги понижи Ковачевски и Советот за безбедност на ОН (ГАЛЕРИЈА)

Македонскиот амбасадор во мисијата при Обединетите нации во Њујорк Љубомир Фрчкоски е првиот раскопчан дипломат во историјата што учествувал на седница на Советот за безбедност на ОН.

Фрчкоски за време на говорот на премиерот Ковачевски во Советот за безбедност во чест на 30 години од членството на Македонија во ОН седи зад шефот на влада во крајно недипломатска позиција.

Според фотографијата објавена од владата тој воопшто не го следи говорот и гледа во своите кондури а посебен преседан е што воопшто не е закопчан согласно дипломатските протоколи и правилата за однесување во Светската организација.

Од објавените фотографии од владата јасно се гледа дека Фрчкоски е единствениот во салата чија кошула не е закопчана до последно копче.

За разлика од Фрчкоски сите други тројца членови на делегацијата од Македонија се со соодветно поставени вратоврски на кошула со сите закопчани копчиња.

Според познавачи на дипломатскиот протокол Фрчкоски кој повеќе од една година е амбасадор во Њујорк и можел да научи како да се однесува, со своето однесување го понижува и својот шеф Ковачевски но и Советот за безбедност на светската организација.

Пред да замине во Њујорк владата на САД ја одби неговата кандидатура за амбасадор во Вашингтон по што владата на СДСМ и ДУИ го испрати во ОН за каде не е е потребен агреман.