Адвокатката на Катица Јанева вели дека ќе треба да се види дали снимките на кои се слуша како шефицата на СЈО комуницира со лице против кое нејзиното обвинителство водело истрага, ќе може да бидат искористени како докази во кривичната постапка.
„Не може да се поистоветат снимките коишто Специјалното јавно обвинителство ги третираше како докази и овие снимки. Снимките од нелегалното прислушкување беа озаконети со Законот за СЈО, а овие докази се третираат како докази кои се прибавени на незаконит начин и како такви треба да бидат издвоени во постапката“, изјави вчера во гостување на „360 степени“, Ирена Фрчкоска.
Таа вели дека спек Судот решава како ќе постапи , а дека одбраната најверојатно ќе бара издвојување на снимките.
За доказите кои и биле презентирани против Јанева од страна на ОЈО Фрчкоска вели дека и биле презентирани селектирани докази од кои не може да се види инволвираност на Јанева..
„По она што го видов, од материјалните докази не произлегува било каква инволвираност или индиции на постоење на основано сомнение дека Јанева го сторила делото кое и се става на товар.“, рече Ирена Фрчкоска.