Ирена Фркоска, адвокат на Катица Јанева, во интервју за ТВ 21 најави дека денес ќе побара укинување на мерката притвор за поранешната специјална обвинителка.
Како гаранција за ослободувањето од притвор, Јанева ќе понуди недвижен имот.
Адвокатката додава дека доколку се утврди дека е разрешена на незаконит начин, Јанева има право да бара соодветен надомест.
„Ние сме во фаза на подготовка на барањето за укинување на мерката притвор. Најдоцна до утре ќе го пуштиме барањето, ќе бараме да се брани од слобода со депонирање на соодветна гаранција во недвижен имот. Сметаме дека се отпаднати основите за притворот, бидејќи таа веќе не е е специјален јавен обвинител и не може да ја злоупотрбува својата положба и да влијае“, изјави Фрчкоска