Франција најверојатно ќе стави вето на кандидатурата на британскиот премиер Борис Џонсон на функцијата генерален секретар на нАТО и наследник на актуелниот Столтенберг, пишува Дејли Телеграф.
Џонсон е уште еден во низата британски политичари кои, наводно, се заинтересирани за таа функција, покрај актуелниот министерот за одбрана Бен Валас и поранешните премиери Тереза Меј и Дејвид Камерон.
Конзервативецот Ричард Дракс, висок член на Комисијата за одбрана на Долниот дом, изјави за весникот дека ќе го поддржи Џонсон за лидерската функција во НАТО, доколку тој тоа го сака.
Следниот политички шеф на НАТО требаше да биде објавен во септември минатата година, но изборите беа одложени за една година поради војната во Украина.
