Илјадници луѓе во Франција протестираа денеска против воведувањето на специјални ковид-пропусниципри што дојде до конфликт со полицијата.

Демонстрантите маршираа низ Париз, а француската полиција, целосно опремена за немири, употреби солзавец против некои демонстрантите, објави АП.

Околу 3.000 припадници на безбедносните сили беа распоредени во француската престолнина за време на третата сабота од протестот.

Пратениците усвоија закон кој стапува на сила ид 9 август. Потребна е вакцинација,брз негативен тест или доказ за неодамнешно закрепнување од „Ковид-19“ за да се добие пропусница.

Вакцинацијата на сите здравствени работници е наредена до средината на септември.

Анкетите покажуваат дека повеќето Французи го поддржуваат усвојувањето, но некои Французи се противат.