Commuters wait for a train on the line 13 of the Parisian underground in Paris, on November 4, 2020, on the sixth day of a lockdown aimed at containing the spread of the Covid-19. (Photo by Martin BUREAU / AFP)


Fранцуската влада го одложи контроверзниот предлог-закон за кој опозициските политичари оценија дека ќе значи да се принудат луѓето да примаат анти-ковид вакцина за да имаат пристап до одредени услуги.

Францускиот министер за здравство Оливие Веран ги отфрли тврдењата на опозицијата како неточни, пренесуваат медиуми.

„Вакцината против коронавирус нема да биде задолжителна, ниту за јавен превоз, ниту за влез во ресторан и секако не за одење на работа“, рече Веран во ТВ-интервју за ТФ1.

„Владата нема да го стави овој текст во парламентот пред да заврши оваа криза“ (…) „Не е повлечен. . . но не е моментот да се претстави пред парламентот“ вели министерот Веран.

Премиерот Жан Кастекс во понеделникот доби поддршка од неговиот кабинет за сега одложениот предлог-закон, кој е дизајниран да обезбеди правна рамка за справување со здравствените кризи.

Според текстот, може да се побара негативен тест или доказ за „превентивен третман, вклучително и администрација на вакцина“ за луѓето да добијат „пристап до транспорт или до некои локации, како и одредени активности“.

Според анкетите на јавното мислење, 55 проценти од Французите велат дека нема да примат анти-Ковид-19 вакцина што е една од највисоките стапки во Европската унија.

Владината кампања за вакцинација треба да започне во недела.