Илјадници луѓе се собраа во неделата на Плоштадот на Републиката во Париз да му оддадат почит убиениот наставник Самуел Пати
Тие носеа плакати со порака „Не за тоталитаризмот на мислата“ и „Јас сум учител“, во чест на сеќавањето на 47-годишниот наставник кој беше обезглавен надвор од училиштето во кое предаваше, бидејќи им покажа на своите ученици карикатури од пророкот Мохамед.
Мирни протести со поддршка на учителите и во одбрана на слободата на изразувањето се одржаа во целата земја.
„Не се плашиме од вас! Нема да нѐ поделите! Ние сме Франција“ – напиша премиерот Жан Кастекс на Твитер.