Во Франција е донесен закон, чие прекршување се казнува дури и со затвор.
На инфлуенсерите им се забранува да промовираат тутун и слични производи, а се ограничува и рекламирањето на изгри на среча и обложување.
Франција е првата земја во Европа која законски ја дефинира рекламната улога на инфлуенсерите на овој начин.
Законот го поддржаа сите партии, а во Сенатот помина со едногласна поддршка.
Причината за донесување законска рамка за инфлуенсери – тие кои промовираат производи на своите следбеници и не укажуваат дека за тоа се платени – е зголемувањето на бројот на жртви на интернет измами.
Токму затоа, според новиот закон, инфлуенсерите „со комерцијално влијание“ нема да можат да промовираат лотарија или обложување и коцкање на платформи кои немаат можност да бидат забранати за младите.
Забранети се и промоција на пластична хирургија и некои козметички третмани, како и некои „финансиски производи“ и медицински помагала.
Во случај на прекршок, најстрогите казни се две години затвор или 300.000 евра.
Во Франција, според податоците на Министерството за економија, „работат“ повеќе од 150.000 инфлуенсери.
