Илјадници денеска протестира во повеќе градови во Франција против задолжителната вакцинација.
Тие носеа плакати и транспаренти со кои изразија несогласување со воведување задолжителен здравствен пасош, ги обвинијавластите дека понудениот лек е полош од болеста и инсистираа дека како граѓани тие имаат морална обврска да се спротивставуваат на неправедните закони.
Француските власти претходно неделава најавија задолжителна вакцинација на здравствените работници, а сертификат за вакцинација против КОВИД-19 ќе биде потребен за влез во места како барови, ресторани и кина.
Претседателот Емануел Макрон објави засилени мерки за борба против рапидниот пораст на случаи со коронавирус, но демонстрантите велат дека ова ја нарушува слободата на избор на оние кои не сакаат вакцинација.
Демонстрации се одржаа во главниот град Париз, како и во поголемите француски градови како Марсеј, Лион и Лил, а на демонстрантите им се приклучија и „жолтите елеци“.