Поради пензиската реформа, продолжуваат демонстрациите во Франција. Граѓаните се бесни и му порачуваат на францускиот претседател Емануел Макрон дека треба да се пензионира пренесува Фактор. Мк. 

https://www.youtube.com/live/nVyzi8GiTfE?feature=share

Тие го блокираа пристапот до терминалот на аеродромот во Париз, седеа на железничките шини, се судрија со полицијата и фрлаа проектили врз полициските станици. Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите во градот Нант, објави Ројтерс. Во Рено употребија водени топови, како што може да се види на снимките на БФМ ТВ. Во Лориен, демонстрантите со проектилите предизвикаа мал пожар во дворот на полициската станица. Жерар Дарманин, францускиот министер за внатрешни работи, на Твитер напиша дека нападите врз потпрефектурата и полициската станица во Лориен се неприфатливи. Тој вети дека овие дела ќе бидат казнети.  Макрон изјави дека законот ќе стапи во сила до крајот на годинава, споредувајќи ги протестите со нападот врз американски Капитол на 6 јануари 2021 година. Унијата на средношколци (ФИДЛ) утринава објави дека се блокирани повеќе од 400 средни училишта. Тоа значи дека учениците дошле на училиште, но не посетуваат настава. Премиерката Елизабет Борн минатата недела употреби специјална процедура за во парламентот без гласање да го протурка непопуларниот предлог-закон за пензиски реформи, со кој старосната граница за целосно пензионирање ќе се зголеми за две години, од 62 на 64 години. Скоро 300 јавни личности ги поддржаа протестите во Франција.  Објаснувањето беше дека пензискиот систем не е одржлив и реформата е потребна. 

Се намалува рејтингот на францускиот претседател Емануел Макрон. Него го поддржуваат само 28 отсто од француските граѓани. Но, 70 отсто се незадоволни.

foto EPA