Франција ги забрани домашните летови на кратки релации кога постојат алтернативни линии за патување со воз, објави Би-Би-Си.
Британските медиуми прецизираат дека чекорот е преземен како обид за намалување на емисиите на јаглерод.
Законот стапи на сила две години откако пратениците гласаа за ставање крај на рутите кои истото патување со воз би можело да го направат за помалку од два и пол часа.
„Во просек, авионот испушта 77 пати повеќе ЦO2 по патник од возот, а воедно возот е поевтин и губењето време е ограничено на 40 минути, тврдат експерти.