Илјадници луѓе излегоа на улиците во Париз и во други француски градови вчера во одбрана на граѓанските слободи и против предложениот закон за безбедност, за кој велат дека ќе се загрози слободата на информирањето и правата на медиумите.

Максимална казна од една година затвор и парична казна од 45.000 евра, предвидува предлог закон во Франција со кој снимање и објавување снимки на полицајци при интервенцијата ќе се смета за кривично дело.

Противниците велатат дека законот би ја прекршил слободата на новинарите да известуваат и би го отежнале патот до одговорност на полицијата за злоупотреба, како што е прекумерната употреба на сила.

Ова беше причина за вчерашните протести во неколку градови во Франција организирани од активисти за заштита на човековите права, а членови на синдикатот и новинарите скандираа: „Сите сакаат да ја снимаат полицијата!“

Некои од нив носеа транспаренти на кои пишуваше „Ќе ги спуштиме своите (паметни) телефони кога вие ќе го спуштите вашето оружје“.

Оние кои го поддржуваат законот велат дека полицајците и нивните семејства треба да се заштитат од вознемирување, како на социјалните мрежи така и лично кога не се на должност, пренесе Ројтерс.