„Фракционерите“ омекнаа кон Мицкоски, „министерот за смрт“ остана сам

Освоените речиси 380 илјади гласови од страна на кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова предизвикаа раздвижување во опозицијата.

Половина година откако од партијата беа исклучени низа членови меѓу нив Сашо Мијалков, Никола Тодоров и градоначалникот на кавадарци Митко Јанчев, дел од „фракционерите“ за кои постоеа низа шпекулации дека сакаат да направат преврат и да ја преземат партијата со помирливи тонови во јавноста кој лидерот Мицкоски.


Поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски, кој пред изборите бараше оставка од Мицкоски сега преку весникот Независен.мк вели дека не треба да се продлабочуваат тензиите пред парламентарните избори.

„Треба да се направи квалитетна внатрепартиска анализа и да се види зошто резултатите на Силјановска се повисоки од оние на партијата на локално ниво. За многу брзо време ни доаѓаат парламентарни избори. Ако не бидат предвремени, тие ќе се одржат во есента 2020 година. Нема време да се бараат оставки, додека трае целата процедура ќе помине многу време, а тие превирања дополнително ќе ја ослабнат партијата, по што сигурно е дека нè чека пораз“, вели за Независен Ивица Коневски кој важи за близок до Сашо Мијалков а чиј најнов став кај познавачите на приликите во опозицијата се оценува како обид да се приближи до Мицкоски кој по изборите ја стабилизираше својата позиција.

На ваква разврска упатува и молкот на исклучениот од партиското членство, Никола Тодоров, кој заедно со Коневски беше најгласен во критиките против Мицкоски и новото раководство.

Ексминистерот за здравство кај владеачките медиуми марекуван како „министер за смртЀ“ сега одбива да го коментира резултатот на ВМРО-ДПМНЕ на претседателските избори.

Во својата анализа Независен пишува и за конструктивниот однос на разрешениот потпретседател, Митко Јанчев.

„Јас сум вмровец и нормално дека гласав за Силјановска“, признава Јанчев за весникот без да даде коментар околу вкупниот резултат на ВМРО-ДПМНЕ.

Дел познавачите на приликите коментираат дека пресвртот на односот на фракционерите кон Мицкоски се случува откако минатата недела високи претставници на СДСМ кои инсистираат на анонимност најавија дека Заев во следниве месеци ќе се посвети на „политичко уништување“ на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Целата анализа на независен.мк