Османи и целото раководство на ДУИ се во блиски односи со човекот кој за само два проекти од владата на ДУИ добил фантастични 3,8 милиони евра.
На фотографијата која се појави на социјалните мрежи се гледа газдата на фирмата Еуровиа Елмедин Адеми кој се сликал со целото раководство на ДУИ.
Адеми е сопстевеник на фирата Еуровиа кој од министерството за надворешни работи Бујар Османи доби 1,8 милиони евра да ја адаптира салата „Борис Трајковски“ за самитот на ОБСЕ а преходно доби 2 милиони евра за полициска станица во Аеродром.
Министерот Османи претходно изјави дека не знаел оти Еуровиа е главен финансиер и донатор на ДУИ но фотографијата покажува дека или тој лаже или Адеми го гледал во очи и не му кажувал дека добива огромни тендери од владата.
За последниот тендер Адеми добива 1,8 милиони евра за средување на веќе изградена сала Борис Трајковски за настан на кој Османи ќе биде домаќин на настан на ОБСЕ.
Речиси невозможно е Османи да не знае кој ќе ги земе парите за настанот на ОБСЕ.
По фотографијата обвинителство има солидна основа да истражи дали Османи му дал на партискиот колега огромен тендер поради корупција.