Министерот за образование Јетон Шаќири кој ги води преговорите со штрајкувачите од СОНК и одбива да се зголемат платите за 18 % или не знае што ветувала неговата партија за наставниците и учителите пред 2 години или не сака да ги исполни ветувањата на ДУИ.
Во изборната програма на ДУИ за парламентарните избори во 2020 година партијата на министерот за образование ветила по најмалку 600 евра плата за учителите, наставниците и медицинските сестри.
Освен ако ветувањето на ДУИ за минимална плата од околу 37 илјади денари било обична предизборна лага министерот Шаќири и неговата партија како дел од владата имате шанса сега да го остварат ветувањето.
Со зголемувањето на платите за 18 % платите на учителите и наставниците нема да дојдат до ветените од ДУИ 600 евра но можат да се доближат барем до просечната плата од 500 евра што ја веруваа СДСМ и ДУИ заедно последниве 5 години.