Висока владина функционерка со многу специфична функција која до неодамна беше во ЛДП а сега е дел од СДСМ испраќала пораки до членови на сегашната партија во кои бара своите и децата на други партиски членови да одат на училиште и во градинка за да не се дозволи штрајкот на СОНК.

Граѓани кои ни ги доставија пораките се жалат на притисок од функционерката која е од Велес и која на своите партиски колеги од СДСМ им пишува дека штрајкот е масло на ВМРО-ДПМНЕ.

Во пораката до претседателите на Месните Одбори на СДСМ се вели дека ВМРО-ДПМНЕ сака преку штрајкот да дојде до предвремени избори и затоа се бара тие да ги убедат сите членови на партијата да ги пуштат децата во градинка, основно и средно училиште.

Таа пишува дека е правник и смета дека не е можно тврдењето на СОНК за надополнување на часовите со скратена наставата поради штрајкот затоа што тоа било можно само во Ковид кризата.

Според неа сега часовите ќе мораат да се надополнуваат само со работа во саботи или со продолжување на учебната година.

На крајот владината функционерка чија специфична позиција не дозволува да се меша во било какво партиски активности бара штрајкувачите да не дозволат ВМРО-ДПМНЕ да манипулира со учениците, родителите и наставниците.

Expres.mk ги има оригиналните пораки и е подготвен да ги предаде на Јавното обвинителство, Антикорупциската комисија или на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен ако овие или други институции сакаат да утврдат дали функционерката го прекршила законот со овие пораки.