Фотографијата на денот доаѓа од Саудиска Арабија, каде што легендарниот англиски фудбалер, а сега тренер, Стивен Џерард, се ракува со македонскиот репрезентативец Дарко Велковски на почетокот од подготовките на тамошниот премиерлигаш Ал Етифак.
Средниот бек со 47 настапи и три гола за „црвено-жолтите“ во Ал Етифак ќе ја игра својата втора сезона, а во првата беше дел од 14 натпревари.
Џерард досега од клупата ги водеше Ренџерс и Астон Вила, со која се раздели минатиот ноември.