Пратеничката Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ пред три дена присуствуваше на состанок на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ) во Молдавија како шеф на делегацијата на Македонија, како што пишува на натписот пред неа на фотографијата објавена на нејзиниот профил на Фејсбук.

Првата и досега единствена Еврејка што била член на македонската Влада беше (техничка) министерка за труд и социјална политика само од 3 јануари до 15 февруари 2020 година, кога парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и ДУИ ја смени поради употребата на името „Република Македонија“ во јавни настапи.