Фото на денот: Македонското знаме со сонцето од Кутлеш на трибините во Катар

Благодарејќи на група навивачи на фудбалската репрезентација на Австралија, поранешното државно знаме на Република Македонија и национално знаме на македонскиот народ со сонцето од Кутлеш се појави на трибините на стадионот во Катар на кој Австралијците загубија со 4:1 од Франција.

Македонија беше запрена на последната пречка од историскиот пласман на фудбалските мундијали од Португалија, откако ја нокаутира Италија во Палермо, но Македонците од петтиот континент се потрудија нивната матица барем симболично да биде присутна во Катар.