Понижени и навредени со најавеното септемвриско покачување на пензиите од 6%, највозрасните граѓани од цела Македонија масовно излегоа на протест во Скопје за да го изразат своето незадоволство. Револтот пензионерите кои дојдоа од повеќе градови најпрво го изразија пред седиштето на Сојузот на здруженија на пензионерите и побараа оставка од претседателката Станка Трајковска која неодамна на преговорите во Владата во име на пензионерите се согласи за процентуално зголемување на пензиите од 6%, што пензионерите го сметаат како неосновано.

Откако се изначекаа пред вратата на ресорното министерство кое беше опколено со полиција, кога најголемиот дел си раззаминаа, министерката ги прими на средба и ги слушна нивните барања. Јованка Тренчевска им вети дека сите барања ќе бидат разгледани, но последниот збор ќе го има Владата. Смета дека нивното барање за линеарно зголемување е противуставно, а барањето за минимална пензија од 18.000 денари не е праведно кон пензионерите што овој износ го земаат сега, а имаат 35 или 40 години работен стаж.

Револтираните пензионери, организирани со автобуси од повеќе градови од внатрешноста како Прилеп, Штип, Струмица, Виница. Побараа реакција од надлежните институции и итно покачување на пензиите.

  • – „Каде одиме со овие пензии, ајде да им ги дадеме на оние во Владата па тие нека живеат со нив да ги видам. Младите си одат, економијата е ужасна, здравството исто така е за никаде. Тие си качија платите и сега ќе ни кажуваат статистики. Зошто не се појават, зошто не излезат овде со нас. Никој не е задоволен, ниту еден пензионер“, раскажува пензионерката Станка Ангелова.

На пат за Скопје, загина пензионер од Неготино на автопатот кон Скопје, кога пензионери застанале на пауза. Пензионерите кои се собраа во главниот град со едноминутно молчење му оддаоа почит на починатиот, кој не дочекал да го поддржи протестот.

Согласно новата методологија за граѓаните од трето доба, во септември над 330.000 пензионери треба да добијат раст на пензиите од 6%, па така најмалку ќе пораснат земјоделските пензии и тоа за само 600 денари.