Еден од највлијателните американски и глобални медиуми фокусиран на меѓународната политика денеска предизвика дилеми и стравувања поврзани со Македонија и нејзиното уставно име, со чудниот коментар со кој најавува свој текст преку социјалната мрежа Твитер.
Во постот на Твитер се вели дека „новата македонска влада сака да се придружи на ЕУ и НАТО – дури и ако за тоа мора да се откаже од името Македонија за да го постигне тоа“.
Ваква формулација за позициите на македонската надворешна политика на новата влада немаше ниту во повлечениот наслов на текстот на лондонски „Фајненшл Тајмс“ каде прво беше објавен наслов „Македонија е подготвена да го смени името за да влезе во НАТО“ кој што на реакција на македонското МНР беше променет во „Македонија размислува да влезе во НАТО со референцата ФИРОМ“.
Она што е исто така интересно во врска со овој коментар на ФП е што линкот под него ве води до текст на „Форин полиси“ објавен пред два дена во средата на 13 јуни во кој нема ниту збор дека новата влада би се откажала од името Македонија за да влезе во ЕУ и НАТО.
Во текстот се цитираат некоку изјави за желбата на Македонија да влезе во НАТО со референцата и други позиции на новата влада во Скопје но никаде нема ниту збор дека владата е подготвена да се откаже од името Македонија за да ги постигне своите цели.
Во 2010 година во анализата на Форин полиси, пренесена од Слободна Европа на македонски јазик, Македонија беше спомената како земја која е на работ на стабилноста а НАТО и ЕУ се клучни фактори за стабилноста.
Линк до контраверзниот твит на Форин Полиси
<blockquote class=”twitter-tweet” data-lang=”en”><p lang=”en” dir=”ltr”>Macedonia's new government wants to join the EU and NATO — even if it has to drop the name "Macedonia" to do so. <a href=”https://t.co/yClSvWeTwB”>https://t.co/yClSvWeTwB</a></p>— Foreign Policy (@ForeignPolicy) <a href=”https://twitter.com/ForeignPolicy/status/875346422270492672″>June 15, 2017</a></blockquote>
<script async src=”//platform.twitter.com/widgets.js” charset=”utf-8″></script>